Германската групација Volkswagen на специјално организиран настан претстави нова верзија од 1.4 литарскиот бензински мотор.

Станува збор за 1.4 литарски TSI мотор со 90 kW односно 122 КС. Интересно е што овој мотор достигнува обртен момент од 200 Nm уште при само 1.500 обртни моменти во минута.

Овој мотор доаѓа со турбо полнач како и со директно вбризгување. Најавен е како замена за 1.6 литарскиот FSI мотор со 116 КС. Засега е сигурно дека овој мотор ќе се најде кај моделот Golf, а за останатите сеуште нема официјална потврда.

Инаку ова е трета верзија од овој мотор. Претходно беа претставени и 1.4 литарските бензински мотори со 140 и 170 КС.

———-
Ова е ретро вест. Веста во изворен облик е објавена во април 2007 година.