Ја губи ли пазарот на нови автомобили во Кина моќта? Тоа е единственото прашање што се поставува по објавувањето на податоците за продажбата на нови автомобили за јуни.

Според официјалните податоци, продажбата во шесттиот месец годинава забележа пад од 9.6% споредбено со истиот минатата година. Со тоа се продолжува низата на намалување на продажбата што сега претставува 12 месеци по ред.

Процентуално, ова е најмал пад на месечно ниво во споредба со последните три месеци. Така во мај беше забележан пад од 16.4%, а месец претходно 14.6%. Познавачите на автомобилската индустрија сметаат дека овој тренд ќе продолжи и наредните месеци, а причините за тоа се повеќекратни.

Трговската војна со САД, намалувањето на субвенциите и исчекувањето на најавениот бран на електрични автомобили се најважните три фактори кои влијаат за овој негативен пораст, а влијание има и заситеноста на пазарот особено по претходните три рекордни години.