Градот Скопје и официјално ги промовираше ново набавените хибридни возила од моделот Yaris на Toyota.

За сопствените потреби Градот набави шест возила од овој модел кои се на хибриден погон, а клучно при изборот на добавувачот односно автомобилите било нивото на емисијаа на штетни гасови.

“Исполнуваме уште едно од предизборните ветувања, дека Градот Скопје и градската администрацијата ќе бидат пример и стимулатор на еколошкиот начин на живеење. Имено, Град Скопје, за потребите на градската администрација набави шест нови хибридни автомобили од марката „тојота јарис“ во вкупен износ од 6,3 милиони денари со вклучен ДДВ. Со тоа го обновуваме остарениот возен парк на градската администрација. Последната набавка на возила во Град Скопје била извршена во 2012 година кога биле набавени дизел автомобили „форд фиеста“, кои се нееколошки возила” изјави градоначалникот Шилегов на промоцијата на новите еко-возила.