Амбициите на Kia во целост се компактибилни на амбициите на корпоративното ниво на Hyundai Motors. Планот јужнокорејскиот производител да прерасне во топ 5 глобални производители не може да се оствари доколку не лансираат барем по едно возило во секој сегмент.

Токму во таа насока, медиумите во САД објавуваат дека и Kia ќе влезе во сегментот на камионети и тоа на американскиот пазар.

Веќе подолго време се шпекулира дека Kia ќе го комерцијализира својот прв камионет на истата платформа на претходно најавениот концепт на Hyundai, Santa Cruz кој исто така се очекува да се појави во продукциска изведба до 2022 година.

Сето ова го потврди и потпредседателот на компанијата Мајкл Кол кој индиректно во својата изјава за медиумите го најави реализирањето на овие планови.