Вниманието што треба да го посветуваме на нашиот автомобил во летниот период треба да е далеку поголемо од зимскиот. Можеби на прв поглед не е така, меѓутоа ризикот за појава на одредена штета на нашиот автомобил во летниот период е многу поголема отколку во зимскиот период.

Со цел да се избегнат негативни појави во летниот период потребно е да што е можно повеќе не практикуваме од следните десет, најчести навики во лето кои го уништуваат автомобилот.

  1. Возење со зимски гуми – ова секако е најголема грешка. Возењето во летниот период со зимски гуми не само што ги уништува самите гуми туку може да влијае врз целокупните перформанси на возилото, вклучувајќи ги и сопирачките.
  2. Паркирање под борови – во лето сите бараме сенка како за нас така и за нашиот автомобил. Кога бараме паркинг прво што ни паѓа на ум е да го паркираме под дрво како би се спречило загревање. Сепак ова може да биде фатална грешка доколку автомобилот го паркираме под борови дрва. Смолата како и птичјиот измет може значително да го оштети лакот на автомобилот.
  3. Паркирање на туѓ имот – за време на летниот одмор кога посетуваме некоја туристичка дестинација никогаш не треба да бараме бесплатен паркинг. Паркриањето на некоа ширинка или на тротоар со цел да се избегне плаќање на паркинг може да предизвика негативно влијание врз автомобилот, но и нашиот буџет. Така може многу лесно некои од локалните жители да го оштети автомобилот како одмазда или пак да биде повикан пајак и вашиот автомобил да биде кренат. Најсигурно е да се плати паркинг, макар тоа е на сметка на едно пиво.
  4. Го држите горивото на ниско ниво – држењето на горивото на ниско ниво поради евентуална експлозија поради жешкото време (што воопшто не е точно) претставува друга честа грешка што ја правиме  во летниот период. Имено поради високите температура и тоа малку гориво што го имаме може лесно да испари па да направиме проблеми врз компонентите на моторот.
  5. Миење преку ден – миењето на возилото за време на високи температури во летниот период може да има негативни последици. Поради вжештеноста на возилото, но и високите температури, водата која сме ја нанеле веднаш испарува па се појавува можност средството кое што сме го користиле да не се разложи и како такво веднаш да испари. Ова ќе предизвика појава на “бразди” што доколку е неквалитетно средството може да предизвика оштетување на површинскиот лак. Истовремено кога ја пребришуваме колата, поради тоа што водата веднаш испарила можеме да предизвикаме и површински гребаници.
  6. Преинтензивно користење на клима уредот – долгите патувања се закана за клима уредот особено ако во текот на целото патување истата е пуштена. Тоа може да предизвика повисока потрошувачка, но компресорот да влијае и негативно врз оптеретеноста на моторот.
  7. На одмор пред сервис – одењето на одмор пред истек на сервисниот интервал може да биде погубно за автомобилот. Во летниот период моторот значително се нарегнува како топлински така и механички, па ако не сме направиле сервис т.е. сменили уље, а сме тргнале на долго патување тогаш сме под ризик за негативно влијание врз здравјето на моторот.
  8. Нагло гасење – оваа грешка можеби сите ја знаеме, а доколку не е така тогаш во никој случај не ја практикувајте. Долгите патувања значат и подолга изложеност на моторот. При истите овие патувања, а при висока брзина, често се случува кога ќе дојдеме до крајната дестинација веднаш да го угасиме возилото (моторот). Турбополначот се лади со моторното уље, па кога ќе го угасиме моторот веднаш престанува ладењето, а со тоа во него останува топлината што поради топлинските разлики може негативно да влијае врз вашиот мотор. На ова треба да внимавате особено ако моторот има турбополнач. Совет: пред гасење на моторот оставете го некоја минута да поработи во место.
  9. Оставање на вредни работи на видливо место – оставањето на вредни работи на видливо место (пр. на седиштата) може да предизвика значителна штета на вашиот автомобил, но и губење на работите. Крадците се спремни на секој начин да го обијат автомобилот се со цел да дојдат до тие, помалку или повеќе важни и вредни работи. Затоа никогаш не треба да оставате било што што може да ги асоцира крадците дека е вредно.
  10. На море за викенд – оваа пракса кај нас е многу честа особено поради близината на плажите во Грција. Честите гужви на граничните премини како и по патиштата за време на викенд значително ја зголемува потрошувачката, а работењето во место понекогаш знае да е штетно за вашиот мотор.