Јапонскиот производител Mitsubishi планира да лансира нов пик-ап модел наменет за северно-американскиот пазар.

Според пишувањата на американските медиуми, овој модел би се базирал на истата платформа како и Nissan Frontier. Оваа беше сосема очекувано откако претходно Mitsubishi стана дел од Renault-Nissan Алијансата, па прашање на време беше кога повторно Mitubishi во својата понуда ќе има пик-ап.

Претходно во американската понуда Mitsubishi го имаше моделот Raider кој се базираше на камионетот Dodge Dakota. Овој модел јапонскиот производител го продаваше во периодот од 2005 до 2010 година.

Новиот модел ќе ги има истите мотори како и Nissan Frontier, модел кој ќе се појави следната година.

Цените и останатите технички карактеристики не се објавени, а ќе бидат обелоденети откако Mitsubishi официјално ќе го потврди доаѓањето на овој модел.