Откако на саемот за потрошувачка електроника кој се одржа во Лас Вегас беше претставена продукциската изведба на електричниот концепт LiveWire, Harley-Davidson ги откри првите официјални карактеристики на овој мотоцикл.

Од претходно беше познато дека LiveWire ќе располага со две батерии, една ќе го придвижува моторот, а другата светлата, инструменталната табла и останатите електрични елементи. Со овие батерии, овој мотоцикл ќе може да помине до 180 километри што е секако одличен домет.

ФОТО: Harley Davidson

Сега се откриени и останатите детали. Така должината изнесува 2.135 мм, ширината 830 мм додека пак висината 1.080 мм. Клиренсот изнесува 130 мм. Оттука меѓуоскиното растојание изнесува 1.490 мм. При тоа вкупната тежина изнесува 249 кг.

Проукциската изведба доаѓа со Michelin Scorcher Sport пневматици и тоа предната гума со димензии 120/70 ZR17 58W додека пак задната 180/55 ZR17 73W.

Вкупната моќност при 117 Nm обртни моменти изнесува 78 kW односно 105 КС.

Претходно американскиот производител ја објави цената за овој модел. Така во САД моделот LiveWire ќе се продава по цена од 19.799 американски долари.