Иако оваа година се чини дека Opel во целост се посвети на новата генерација на Corsa и развојот на Astra, германскиот производител активно работел и на редизајнот на втората генерација на Insignia.

За плановите со Insignia не се збореше многу, но сега на интернет се појави видео од тестирањето на редизајнот на патеката во Нирбургринг.

Од ивдеото не може да се забележи дека има големи измени. Измени има кај задните светла, но и предните светла и браникот. Внатрешноста се очекува да остане во целост идентична.

Што се однесува до моторите, тука ќе биде новиот 1.5 литарски дизелски мотор со автоматски менувач. а некои германски медиуми повикувајќи се на извори од производителот пишуваат дека ќе добие и plug-in хибриден погон.

Промоцијата на подновениот модел се очекува во септември, на саемот во Франкфурт, а во продажба ќе се појави кон крајот на оваа и почетокот на следната година.