Во акција која ноќеска ја спроведе Министерството за внатрешни работи санкционирани се близу 300 возачи, соопштуваат од Министерството.

Оттаму наведуваат дека вечерта на 20 јули и утрото на 21 јули, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.

Вкупно 38 возачи биле санкционирани поради пречекорување на брзината во населено место, а отркиени се и 108 останати прекршоци. При контролата на МВР, санкционирани се и 35 моторџии.

Вкупно 12 возачи возеле во алкохолизирана состојба. Истите се исклучени од сообраќајот и им се одземени возачките дозволи.

Службеници на МВР санкционираа уште стотици други возачи на најразлична основа согласно законот за безбедност во сообраќајот.