Министерството за Внатрешни работи соопштува дека е отворен нов, временски граничен премин со Република Косово.

Станува збор за граничниот премин Стрезимир-Рестелица кој во минатото неколку пати беше во функција.

МВР соопштува дека овој граничен премин е од времен крактер односно ќе биде во функција од 20 јули до 20 август 2019 година, а примарната цел поради кој се отвора е од туристички карактер.

На свеченото отворање присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски, заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа, заменик директорот на косовската  полиција  Самедин Мехмети и министерот за инфраструктура и транспорт Пај Лекај.