На саемот за потрошувачка електроника кој се одржа во Лас Вегас беше претставена продукциската изведба на електричниот концепт LiveWire, а откако пред само неколку денови беа и официјално претставени техничките карактеристики и перформанси, на интернет се појави и првиот видео тест од овој мотоцикл.

Тестот е дело на екипата на Roadshow, а во петминутното видео објавено на интернет се опфатени сите елементи на овој мотоцикл. Целосниот тест можете да го погледнете на видеото во продолжение.