Последната вест која ја објави италијанскиот весник La Repubblica е само по себе доволна причина зошто е потребно да го обиколите автомобилот пред да го стартувате.

Имено весникот објави фотографија од мало дете како лежи на пешачки во населбата Мирафјори во италијанскиот град Торино. Детето всушност спие непосредно зад автомобилот.

Влегувањето во возилото и стартувањето на истото од возачот може да биде кобно бидејќи детето се наоѓа во мртов агол, а не видливо воопшто ниту на централно поставениот ретровизор.

Оттука ова е само една од причините зошто е потребно да се обиколи автомобилот пред да го стартувате. Наместо дете може да имате камен, железо или било каков друг предмет што може да го оштети вашиот автомобил.

Правењето на обиколка околу автомобилот може да помогне за навремено утврдување на оштетување од друг автомобил односно предмет што ќе придонесе за навремена реакција кај надлежните служби и утврдување на виновникот за оштетувањето.