Летниот период вистинска закана за нашите возила. Тоа е така поради неколку причини, а најмногу поради силното сонце и високите температури.

Експертите се едногласни дека треба по секоја цена да се избегнува паркирање на возилата на сонце, особено кога тоа е јако, а температурите се повисоки од вообичаените.

Сите сме се соочиле со проблем на загревање на автомобилот. Помалите автомобили побрзо се загреваат па така мораме да почекаме пред да влеземе во автомобилот.

Доколку автомобилот е изложен подолго на сонце може да дојде и до оштетување на внатрешните елементи на ентериерот. Тука пред се се мисли на обвивката на управувачот.

Силното сонце може да има влијание и врз бојата односно лакот на нашето возило. Така доколку е изложено често на директно сонце, може да дојде до оштетување на првиот слој од бојата и да предизвика трајни последици.

Како совети за избегнување на негативното влијание од силното сонце може да се наведат:
– користење на рефлектирачка заштита
– покривање со церада
– користење на задни и странични завеси
– паркирање под сенка т.е. дрва, но при тоа потребно е да се внимава да не се паркира под дрва кои испуштаат течности
– паркирање на катни гаражи треба да биде приоритет

Како додатен совет, доколку возилото е изложено на сонце подолго време, а ние мораме итно да го стартуваме тогаш потребно е да ги отворите прозорите и клима уредот да го пуштите на максимална брзина со цел топлиот воздух во внатрешноста побрзо да излезе.