Словенците имаат многу причини да бидат горди, а од вчера си додадоа уште една. Имено во фабриката на Renault во близина на градот Ново Место започна производството на новата, втора генерација на моделот Twingo.

За потребите на производство во оваа фабрика пред само неколку месеци беа вработени 700 нови работници со што бројката на работници се искачи на 3 илјади.

Новиот Twingo е со должина од 3.600 мм, ширина 1.655 мм и висина од 1.470 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.365 мм. Се темели на B платформата развиена од страна на Renault, а во понудата доаѓа со четири бензински и еден дизелски мотор.

Продажбата на втората генерација на Twingo започнува кон крајот на јуни, а засега не се познати продажните цени.

Инаку моделот од оваа генерација е првиот што ќе се произведува во Словенија. Автомобилите од претходната, прва генерација се произведуваа во Франција, Уругвај, Колумбија и Шпанија.

———-
Ова е ретро вест. Веста во изворен облик е објавена во април 2007 година.