Црната листа на сообраќајки со смртни последици во континуитет бележи раст во Македонија. Се почести се сообраќајните несреќи каде главни актери се моторциклите.

За таа цел Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата (РСБСП) објави прирачник наменет за моторцикли.

Во прирачникот од 50-тина страници прикажани се најразлични совети за подготовка на возење, проверка на исправноста на мотоциклите, возењето со сопатник и товар, контрола при непредвидени ситуации, возењето во група и давањето на прва помош.

Прирачникот за моторцикли издаден во соработка меѓу РСБСП, BMW Moto Club Macedonia и Vespa World Club Macedonia можете да го прочитате ТУКА.