Последните статистички податоци за транспортот покажуваат тренд на популаризација на камионскиот транспорт и пад на железничкиот што значи дека по долги децении камионскиот полека го зазема приматот најпопуларен начин за транспорт на стока.

Во САД 60,1% од транспорт на стока се одвива со камион додека железницата учествува со 16,2%. Соодносот во Германија е уште поголем. Така во оваа земја дури 81% од транспорто на стока се одвива со помош на камион што на годишно ниво претставува седум милијарни тона. Во оснатите 19% учестуваат останатите превозно-транспортни средства.

Во Македонија иако нема статистика, поради состојбите на железницата, повеќе од јасно е дека најголем дел, ако не и целиот внатрешен транспорт на стока се одвива преку патниот сообраќај.

За популаризација на камионскиот транспорт на стока постојат повеќе причини, а флексибилноста е најголемата предност. Секако тука се додава и поголемата сигурност, а од економска гледна точка и поголемата исплатливост.