Амбициите на Kia во целост се компактибилни на амбициите на корпоративното ниво на Hyundai Motors. Планот јужнокорејскиот производител да прерасне во топ 5 глобални производители не може да се оствари доколку не лансираат барем по едно возило во секој сегмент.

Она што до пред некој ден се шпекулираше сега доби и официјална потврда – камионетот на Kia ќе биде лансиран во 2022 или не подоцна од првата половина на 2023 година.

Камионетот ќе додје во средната класа на камионети како директен конкурент на тамошните модели на Ford и Toyota. При тоа истиот се очекува да се темели на Santa Cruz концептот на Hyundai.

Покрај Kia, лансирање на камионет на американскиот пазар најави и Hyundai.