Elan е моделот на Lotus со најмногу генерации и изведби. Првиот модел под ова име е лансиран во 1962 година како Elan 1500. Сепак голема популарност доживува моделот Elan +2 кој се појави пет години подоцна.

Овој модел кој се произведувал во периодот од 1967 до 1975 година. претставува најпознатиот автомобил дизајниран од страна на легендарниот Рон Хикман.

Како еден од најпочитуваните автомобили кај љубителите на олдтајмери, овој лотусов модел е првиот со толку егзотичен дизајн кој на англискиот производител му го донесе првиот комерцијален успех. Токму овој автомобил беше инсипрација на дизајнерите и инжинерите на Mazda да ја создадат следната генерација на легендарната МX-5 попозната и како Мијата.

Под хаубата располага со 1.5 литарски бензински TwinCam I4 мотор кој продуцира до 126 КС. При тоа максималанта брзина која може да ја развие изнесува 193 км/ч.

Производството на овој модел завршува во 1975 година. Во овој период од нецели осум години произведени се околу 5.200 автомобили. По 14 години, во август 1989 година, Lotus го воведува моделот Elan M100 како наследник на Elan +2.

На саемот за автомобили во Париз во 2010 година беше претставен концепт автомобилот Elan. Сепак, иако беше за очекување производството да започне три години подоцна, во текот на 2013 година проектот за враќање на овој легендарен автомобил беше прекинат. Инаку концептот беше со тежина од 1.295 килограми, а располагаше со 4.0 литарски бензински V6 мотор.