Со тизер видео, Honda го најави новиот Africa Twin мотоцикл и ги објави првите официјални детали поврзани со овој модел.

Оваа нова генерација на моделот располага со 1.084 кубика кои продуцираат одлични 101 КС што е на ниво како и другите авантуристички модели од средната категорија како што се Triumph Tiger 800 XR/XC, BMW F 850 GS/GS Adventure и KTM 790 Adventure.

За разлика од својот претходник, моделот кој ќе се појави веќе следната година ќе има и поголем резервоар во кој сега може да се складира 19 литри што е за пет литри повеќе од моделот од актуелната генерација.

Стандардната верзија на Honda Africa Twin сега ќе тежи 238 килограми додека Adventure Sport верзијата 240 килограми. Во зависност од верзијата, овој мотоцикл ќе биде достапен со мануелен пренос, DCT пренос и како комбинација на овие два преноси кои ќе дојдат во Adventure Sport изведбата.

Тизер видеото објавено од страна на јапонскиот производител можете да го погледнете во продолжение.