Доколку патувате во странство, а при тоа не управувате со сопствено возило тогаш потребно ви е полномоштво.

Доколку патувате како физичко лице потребни документи со кои се аплицира за полномоштвото во некои од станиците за технички прегледи се:

  • сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот
  • документ за идентификација (лична карта и пасош)

Доколку користите службено возило тогаш документацијата е пообемна па така потребни документи се:

  • барање за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило
  • сообраќајна дозвола од возилото
  • лично присуство на корисникот на возилото со пасош

Важноста на полномоштвото е една година.