Британецот Луис Хамилтон ја забележа осмата победа сезонава откако денеска славеше на унгарското Гранд При.

Хамилтон на првата позиција заврши со време од 1:35:03.796 што е за 17.796 секунди подобро од второпласираниот Ферстапен кој стартуваше од пол позицијата. На третото и четвртото место завршија двајцата возачи на Ferrari, Фетел и Леклер, додека најдобрата петорка ја сочинува уште Сајнц од McLaren.

Со овие 25 поени, Хамилтон се зацврстува на првата позиција на генералниот пласман на кој има 250 поени. Втор е Ботас со 188 поени додека на треатата позиција е Ферстапен со 181 поен. Најдобриот возач на Ferrari, Себастијан Фетел е на четвртата позиција со 156 поени.

На генералниот пласман во категорија на конструктори, убедливо на првата позиција е Mercedes со 438 поени пред Ferrari со 288 поени и Red Bull Racing-Honda со 244 поени.

Поз.ВозачВремеПоени
1
L. Hamilton

Mercedes·#44
1:35:03.79625
2
M. Verstappen

Red Bull·#33
+17.796s19
3
S. Vettel

Ferrari·#5
+61.433s15
4
C. Leclerc

Ferrari·#16
+65.250s12
5
C. Sainz Jr.

McLaren·#55
+1 Lap10
6
P. Gasly

Red Bull·#10
+1 Lap8
7
K. Räikkönen

Alfa Romeo·#7
+1 Lap6
8
V. Bottas

Mercedes·#77
+1 Lap4
9
L. Norris

McLaren·#4
+1 Lap2
10
A. Albon

Toro Rosso·#23
+1 Lap1
11
S. Pérez

Racing Point·#11
+1 Lap0
12
N. Hülkenberg

Renault·#27
+1 Lap0
13
K. Magnussen

Haas·#20
+1 Lap0
14
D. Ricciardo

Renault·#3
+1 Lap0
15
D. Kvyat

Toro Rosso·#26
+2 Laps0
16
G. Russell

Williams·#63
+2 Laps0
17
L. Stroll

Racing Point·#18
+2 Laps0
18
A. Giovinazzi

Alfa Romeo·#99
+2 Laps0
19
R. Kubica

Williams·#88
+3 Laps0
20
R. Grosjean

Haas·#8
DNF0

Следната трка се вози на 1 септември кога е на програмата трката на патеката Спа во Белгија.