Синот на популарниот Михаел Шумахер, Мик Шумахер ја оствари првата победа во Формула 2 шампионатот откако денеска беше најбрз во Будимпешта.

20 годишниот син ан седумкратниот шампионат во Формула 1 успеа да заврши на првата позиција по 28 круга водство пред јапонскиот возач Мацушита. Третата позиција припадна на Камара додека најдобрата петорка ја сочинуваат уште Џордан Кинг и Џек Ејткен.

На својот официјален Твитер профил, Формула 2 објави дека ова е прв пат по 15 години презимето Шумахер да победи на трка во Унгарија.