Откако пред само една недела објавија дека биле санкционирани 386 непрописно паркирани возила, ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар преку соопштение потврди дека минатата недела биле санкционирани 182 непрописно паркирани возила на територијата на општината.

Во периодот од 29.07. до 02.08.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 85 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт на ЈП за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар.

Од претпријатието и општината наведуваат дека тие и понатаму ќе продолжат со оваа мерка се со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.