Најпознатиот британски производител на мотоцикли, Triumph, ја претстави третата серија од моделот Rocket. Давајќи го најдоброто од себе, овој производител вложува многу амбиции во овој модел со кој планира освојување на глобалниот пазар.

Оттука овој мотоцикл доаѓа со трицилиндарски агрегат од 2.500 кубика што е за нешто повеќе од 200 кубика повеќе во однос на претходната серија. При тоа моќноста изнесува 166 КС при 222 Nm обртни моменти.

Покрај помоќниот мотор, намалена е и тежината што овозможува многу подобри перформанси во однос на втората серија.

Покрај другото, со оваа серија доаѓаа и новите LED светла, алуминиумски фелни, новиот Brembo систем за сопирање, TFT инструменталната табла, ABS системот како и системот против лизгање. Новитет е и темпоматот, стартувањето без клуч и греењето на рачките.

На глобалниот пазар во продажба овој мотоцикл доаѓа на почетокот на следната година.