Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили Ferrari и официјално потврди дека следниот месец, септември, ќе претстави два модели.

Иако нема официјални потврди, италијанските медиуми повикувајќи се на извори од производителот наведуваат дека станува збор за премиерата на првиот SUV на италијанскиот производител, моделот Purosangue кој веќе подолго време е најавуван, а треба да дојде како директен конкурент на Lamborghini Urus. Вториот модел најверојатно ќе биде 812 Superfast Spider, спортски кабрио автомобил.

Со претставувањето на овие два модели бројката на нови модели претставени годинава ќе се искачи на четири откако претходно годинава беа претставени моделите P80 и првиот хибриден автомобил SF90 Stradale.

Премиерата на моделите ќе се одржи на патеката Фјорано, а повеќе детали се очекуваат во наредните неколку недели пред премиерата.