FIA и официјално потврди дека следната сезона на најпопуларното натпреварување ќе се возат 22 трки, што претставува зголемување за една трка во однос на актуелната сезона.

На календарот остануваат трките во Австралија, Бахреин, Кина, Азербејџан, Монако, Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Италија, Сингапур, Русија, Јапонија, САД, Бразил и ОАЕ, а тука се и трките во Виетнам и Холандија.

Одржувањето на трките во Германија, Мексико и Шпанија сеуште не е сигурно и организацискиот одбор на F1 во моментов преговара за продолжување на договорите.