Последните законски промени во Грција донесоа високи казни, особено за оние кои пушат во автомобил.

Така доколку бидете затекнати како пушите во автомобилот, а при тоа обавувате јавен превоз односно возите такси, автобус или друг вид на јавен превоз ќе бидете казнети со парична казна од 1.500 евра и забрана за управување со возила во траење ое еден месец.

Казна од 3.000 евра ќе добиете доколку пушите во возило во кое има дете помладо од 12 години. Ако возите приватен автомобил и во него има дете на возраст до 12 години тогаш ќе бидете казнети со 1.500 евра и одземување на возилото.

Возачот ќе добие казна и доколку некој од сопатниците пушат во автомобилот.