Volkswagen работи на купе изведбата на T-Cross која треба да се појави во сериско производство во текот на 2022 година.

Оваа изведба ќе се базира на MQB A0 платформата која веќе се користи кај неколку модели од Volkswagen Групацијата. При тоа, зао чекување е во понудата да дојде со 1.0 литарски и 1.5 литарски TSI турбо бензински мотор како и дизелски 1.6 TDI мотор во комбинација со мануелен и автоматски менувач.

Засега нема прецизни детали за оваа изведба, но се знае дека ќе биде достапен исклучиво на преден погон.

Претходно годинава, германскиот производител ја претстави и кабриолет изведбата на T-Roc, SUV од истиот сегмент како и T-Cross.