Последниот модел на Skoda, Scala освои максимални пет ѕвезди на Euro NCap краш тестот за безбедност.

Експертите од оваа организација тестовите за безбедност и сигурност ги спроведоа на моделот опремен со 1.0 литарски TSI мотор и Ambition ниво на опременост.

Во однос на безбедноста на возачот односно возрасните овој автомобил доби високи 97% што на пример е подобар резултат од моделот 3 на Tesla, Peugeot 508, Volvo S60 и Jaugar XE.

Во однос на безбедноста на задната клупа односно децата остварен е перформанс од 87%, а за пешаците доби оценка од 81%. Повеќе од само солиден е и перформансот од 76% во однос на безбедносната асистенција на возилото која ја нуди на возачот.

Со овие перформанси, Scala е убедливо најбезбедниот автомобил на Skoda оставајќи ги зад себе моделите Karoq, Kodiaq, Superb и Fabia.

[Новата Skoda Scala со почетна цена од 14.560 евра. Прочитај повеќе ТУКА]