Honda потрди дека од кинескиот пазар ќе повлече 222.674 автомобили од моделот Accord.

Повлекувањето доаѓа откако пред само неколку недели joint-venture компанијата на Honda и GAG беше оптужена дека вградува мотори со слаб квалитет. Поради тоа, регулаторното тело во Кина започна истрага, а по завршувањето на истата, на оваа компанија му беше наложено да го спроведе повлекувањето на спорните автомобили.

Спорен е 1.5 литаркиост турбо мотор, кој во одредени ситуации ја губи брзината, наведуваат од Државната управа за регулација на пазарот на Кина.

Од производителот наведоа дека проблемите кај сите автомобили ќе бидат фиксирани со инсталација на уреди кои го оптимизират протокот на воздух во моторот.