Британскиот производител MG (Morris Garages) кој е во сопственост на кинескиот SAIC Motor Corporation официјално го претстави својот прв камионет под називот Extender.

Се базира во целост на камионетот на Maxus (кинески производител) T70 кој исто така е развиен од страна на SAIC.

Во понудата доаѓа со две и четири врати, а должината изнесува 5.365 мм со меѓуоскино растојание од 3.155 мм. Под хаубата ќе дојде само со 2.0 литарскиот турбо дизелски мотор со 162 КС при 375 Nm обртни моменти. На купувачите ќе им стои на располагање избор помеѓу мануелен и автоматски менувач.

Според првичните најави, овој пикап ќе биде достапен само на пазарите во Азија.