Иако беше неизвесно одржувањето на трката во Мексико, организацискиот одбор на најпопуларното авто-мото натпреварување постигна договор со патеката во Мексико.

Тоа значи дека и следната година како и наредните две во календарот на F1 сигурно место ќе има патеката во близина на Мексико Сити.

Оваа вест е потврдена и од F1, но и од градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шејнбаум Пардо која потврди дека градот создаде фонд преку кој ќе се финансира одржувањето на патеката и одржувањето на самите трки.

Со ова, на календарот за следната сезона остануваат трките во Австралија, Бахреин, Кина, Азербејџан, Монако, Канада, Франција, Мексико, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Италија, Сингапур, Русија, Јапонија, САД, Бразил и ОАЕ, а тука се и трките во Виетнам и Холандија.

Одржувањето на трките во Германија и Шпанија сеуште не е сигурно и организацискиот одбор на F1 во моментов преговара за продолжување на договорите.