Голем јубилеј прослави легендардниот британски производител Mini. Во својата фабрика во англискиот град Оксфорд го произведе 10 милионитиот Mini автомобил.

Овој јубилеј на Mini се поклопува со 60 годишнината од формирањето на компанијата во 1959 година. Токму оттогаш па се до денес се произведени 10 милиони автомобили од сите моделски изведби.

Јубилејниот автомобил е од специјалната изведба Mini 60 Years Edition. Доаѓа во препознатливата зелена боја со црни траки на хаубата. LED светлата, 17 инчните алуминиумски фелни како и 2.0 литарскиот мотор со 190 КС се дел од овој автомобил.

Интересно е што до 2000 година биле произведени 5.3 милиони автомобили, а во последните 19 години рекордни 4.7 милиони.

Повеќе за овој автомобил како и производството на истиот можете да погледнете на видеото во продолжение.