Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на неколку сектори во легендарната Застава, а потоа и заменик директор во компанијата, тој дава одговор на прашањето дали Јосип Броз Тито навистина го добил првиот произведен автомобил во фабриката Застава.

“Не е вистина дека првиот произведен автомобил на некому е подарен, па ни на Тито. На Титово барање, на поранешниот лидер на тогашниот Советски Сојуз, Леонид Брежњев му се подарени два автомобили – 1300 за време на неговата посета во фабриката во 1962 година и нешто подоцна подарен му е по истото барање и автомобилот Z-101. Меѓутоа, на Тито му беше подарен еден од рачно изработените прототип Југо од 1978 година” изјави за АутоКлуб, Тома Савиќ.

Во интервјуто Савиќ говори за почетокот и падот на Застава на американскиот и светскиот пазар, за плановите во 80-те и 90-те, за погрешната перцепција за квалитетот на Југо во САД и Австралија, а открива и многу детали кои се непознати или многу малку познати.

Целосното интервју ќе биде објавено наскоро.