Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на неколку сектори во легендарната Застава, а потоа и заменик директор во компанијата, тој открива детал за извозот на Југо во САД и останатите земји од Латинска Америка кој ретко кој го знае.

По воведувањето на санкциите на Југославија од страна на Обединетите Нации кои пак беа воваедени под притисок на НАТО, Застава ја изгубила претходно добро стекнатата позиција на американскиот пазар, а со тоа било и тешко да се извезуваат автомобили во оваа земја.

Во таа насока Савиќ открива дека новоформираната компанија во Коста Рика започнала да увезува и дистрибуира македонски вина покрај другите производи.

“После воведувањето на санкции, нова компанија која покрај со Застава се занимаваше и со други производи вклучувајќи и македонски вина, беше формирана во Коста Рика каде поминав дополнителни три години” изјави за АутоКлуб, Тома Савиќ.

Во интервјуто Савиќ говори за почетокот и падот на Застава на американскиот и светскиот пазар, за плановите во 80-те и 90-те, за погрешната перцепција за квалитетот на Југо во САД и Австралија, а открива и многу детали кои се непознати или многу малку познати.

Целосното интервју ќе биде објавено наскоро.