Во ексклузивното интервју кое го спроведе АутоКлуб со господинот Тома Савиќ, поранешниот директор на неколку сектори во легендарната Застава, а потоа и заменик директор во компанијата, тој открива за тоа колку делови за потребите на фабриката во Крагујевац се произведувале во Македонија.

“Покрај 20-тината сопствени фабрики во разни делови на поранешна Југославија, Застава имаше и свои кооперанти и добавувачи исто така од цела Југославија и тоа 265 добавувачи за 3.364 делови, од кои, во Македонија 16 добавувачи – кооперанти за 312 позиции или делови” изјави Савиќ во интервјуто.

Тој открива дека во Македонија, Застава ја поседувала фабриката ХТД Охрид, одморалиштето Свети Стефан во Охрид како и 11 продавници, една деловна единица во Куманово како и 14 овластени сервиси.

Во интервјуто Савиќ говори за почетокот и падот на Застава на американскиот и светскиот пазар, за плановите во 80-те и 90-те, за погрешната перцепција за квалитетот на Југо во САД и Австралија, а открива и многу детали кои се непознати или многу малку познати.

Целосното интервју ќе биде објавено наскоро.