Градот Скопје објави соопштение преку кое ги информира граѓаните дека од денес, 13 август поради продолжување на градежните активности кои се дел од реконструкцијата на мостот Гоце Делчев ќе се воведе нов привреме сообраќаен режим.

Денес сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива во две сообраќајни ленти.

Оваа времена измена ќе важи само на денес, 13.08.2019 година.

Од утре, среда (14.08.2019 год.) до следниот понеделник (19.08.2019 год.) под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално.

Фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим се со целокупно времетраење од 40 денови, односно од 09.07.2019 година  до 19.08.2019 година.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај, стои во соопштението на градот Скопје.