Првиот човек на Toyota уште пред само неколку години ги претстави своите амбиции за враќање на Toyota во сегментот на спортски автомобили. За таа цел заедно со BMW го развија моделот Supra, но најави и нови модели.

Сега, Toyota потврдува дека планира уште помоќна изведба на Supra во однос на актуелните во понудата.

Според пишувањата, се очекува новата Supra да располага со 3.0 литарски турбо мотор со 335 КС што ќе биде помоќна изведба и во однос на моделот Z4 чија платформа ја користи Supra.

Премиерата на оваа изведба се очекува да се случи на почетокот на следната година.