Рекордот од измерени 74°C во внатрешноста на автомобилот е срушен и сега изнесува рекордни 81°C, пренесува хрватски Index.

Како што пренесува изворот, автоклубот Максимир во најновото мерење на температурата на паркиран автомобил на сонце во 15 часот измериле за 7 степени повеќе во однос на понеделникот. Ова претставува апсолутен рекорд измерен во Хрватска каде изминативе денови имаше високи температури.

Паркирањето на сонце предизвикува бројни негативни ефекти врз самиот автомобил, а и самите вас. Зошто треба да избегнувате да паркирате на сонце прочитајте ТУКА.