Во летниот период паркирањето на сонце може да допринесе за вжештување во внатрешноста на автомобилот и постигнување на температура до 80 степени.

Доколку автомобилот е подолго време изложен на сонце, разладувањето може да биде голем проблем, а со самото тоа сме принудени да мора да возиме во жешка и загушлива кабина.

На интернет може да се најдат бројни совети за тоа како брзо да се разлади внатрешноста, но речиси сите тие предвидуваат користење на вратите (отворање-затоврање) при разладување.

Најбрзиот од сите тие совети одзема само неколку минути односно за само 2-3 минути температурата во внатрешноста ќе биде на задоволително ниво.

За таа цел потребно е да се следнат следните три чекори:

  1. При влез во автомобилот веднаш вклучете ја климата на најсилно
  2. Отворете ги сите четири прозори и така возете една минута
  3. Потоа, затворете ги предните прозори и возете уште една минута
  4. По ова, намалете ја климата, а сите прозорци можете да ги затворите

Ова е трикот кој најмногу “пали”, а на вас останува истото да го испробате и да ги споделите вашите искуства.