Поради градежните работи кои се одвиваат на булеварот Кочо Рацин, од вчера вечер, па до понеделник рано наутро во целост ќе биде затворена крстосницата на овој булевар со улицата 11 Октомври (крстосницата кај Црвен крст)

Екипи на Град Скопје, вечерва од 19 часот, почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар Кочо Рацин со улицата 11 Октомври. (кај Црвен крст).

“Градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град” стои во соопштението објавено на интернет сајтот на градот Скопје.

Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.