Без разлика дали патувате на кратки дистанци или практикувате подолги патувања како до своето работно место, така и за одмор, автомобилот е место каде поминуваме значително време, а воедно ни извршува секојдневни круцијални задачи.

Оттука потребно е секогаш, особено на подолги патувања, да располагаме со одредени работи кои може во било кој момент да ни потребаат, а би можеле многу да ни олеснат.

Така во продолжение ги претставуваме 15-те работи кои секогаш морате да ги имате во вашиот автомобил.

  1. Кутија со прва помош. Ова е задолжителна опрема која мора да се поседува. Поседувањето на кутија со прва помош може многу да ви биде од корист. Всушност и при површно крварење, фластерот од кутијата може да ви помогне многу. Често при изведување на други, останати вонредни поправки на автомобилот може да се исечете па завојот со ова ќе го имате на дофат.
  2. Резервно тркало и алат. Не комплет за фиксирање на тркало, туку резервно тркало и алат потребен за негова промена т.е. монтажа. Статистиката покажува дека при возење, најголема шанса од откажување има гумата, па поседувањето резервна може многу да помогне. Секако, доколку не знаете да ја промените тогаш на располагање ви се YouTube туторијалите.
  3. Пумпа. “Добро, ќе ја напумпам на следната бензинска” не секогаш може да ни е од корист. Постојат бројни регионални патишта во Македонија на кои по 60 километри пат нема бензинска. И кога ќе дојдеме на некоја бензинска можеме да се соочиме со разочарување откако ќе видиме дека не работи апаратот за пумпање.
  4. Трокут. И ова е дел од стандардната опрема, па не никогаш не дозволувајте поради нешто што зафаќа многу малку простор да бидете казнети.
  5. Сет резервни сијалици. Може да ви биде од голема корист, секако во вечерните часови.
  6. Кабли за палење. Не можете да бидете секогаш 100% сигурни во исправноста на вашето возило. Поседувањето на кабли за палење може многу дави помогне доколку возилото има проблем со акумулаторот односно масата.
  7. Апарат за гасење пожар. Иако според моменталното законско решение, поседувањето на апарат за гасење на пожар не е задолжително, сепак тоа може да ви биде од голема помош како за вас така и за останатите учесници во сообраќајот.
  8. Сајла за влечење. Без разлика дали е автомобилот нов или не, сајлата за влечење може многу да ви заврши работа. Така наместо да ја чекате влечната служба која може да пристигне за 1-2 часа, хуман возач и сајла може да ви ја завршат целата работа.
  9. Ракавици, лампа и сл. За што и да работите поседувањето на ракавици може многу да ви е од корист, особено доколку не сакате да ги извалкате рацете, а при тоа немате вода. Секако, од корист е и поседувањето на лампа, особено во вечерните периоди.
  10. Издржлива леплива трака.
  11. Кутија со алат. Никогаш, ама баш никогаш не може да знаете каков се алат може да ви е неопходен. Поседувањето на кутија во багажот може навистина да ви го “спаси” животот.
  12. Упатство за вашиот автомобил. Верувајте, никогаш не може да го знаете целосно вашиот автомобил. Поседувањето на упатство за вашиот автомобил, без разлика дали во печатена или електронска форма, може многу да ви помогне при разрешувањето на одредени проблеми односно мистерии. Пример доколку ви светне некоја сијаличка, а не знаете што значи и колку е критично, со помош на упатството можете веднаш да го видите значењето.
  13. Вреќа со песок и лопата. Ова е неопходно доколку често патувате во зимскиот период и на повисоките места каде ризикот од таложење на снег односно мраз е многу голем. При заглавување, со помош на песокот и лопатата можете многу лесно да се одглавите.
  14. Патна карта. Сите ние знаеме најразлични патишта, меѓутоа поседувањето на патна карта може да биде од корист кога на пример дел од патот е во прекин поради X причини, па со помош на картата можеме да пронајдеме некое “скришно” патче.
  15. Платно. Замислите одите на свадба, а морате нешто да проверите под автомобилот. Поседувањето на платно може многу да ви помогне како подлога пред да легнете под автомобилот.