Поради градежни работи во текот на денешниот и утрешниот ден на булеварот Крсте Мисирков ќе важи посебен сообраќаен режим.

Како што информираат од градот Скопје, денес од 08:30 до утре во 08:30 поради градежни активности за реконструкција на коловозот на бул. Крсте Мисирков, целосно ќе биде затворена за сообраќај едната насока од булеварот и тоа од крстосницата со булевар Гоце Делчев кај Судска Палата кон клучката Бит-пазар.

Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи на овој потег, а се очекува за многу краток период, со нанесување на завршниот слој на асфалтот, да биде комплетирана реконструкцијата на булеварот во двете насоки, стои во официјалното соопштение објавено на интернет страната на градот Скопје.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај.