Opel е првиот производител кој ги најави автомобилите кои ќе бидат дел од нивниот штанд на саемот во Франкфурт следниот месец.

Astra, Corsa, Grandland X Hybrid4 и Zafira Life ќе бидат дел од овој саем, меѓутоа на својот Твитер профил, Opel објави мистериозна тизер фотографија од како што велат оттаму, електричен автомобил.

Мистеријата е голема така што ниту еден германски медиум близок до овој производител не се осмели да шпекулира за каков модел станува.

Некои сметаат дека тоа е електрична изведба на некој од постоечките модели, додека други пак пишуваат дека станува збор за GT X концептот.

За целосно решавање на мистеријата ќе мораме да почекаме до 14. септември кога и започнува саемот.