На краш тестот спроведен од страна на Euro NCap, моделот GLE на Mercedes доби заслужени пет ѕвездички.

Автомобилот со основно ниво на опременост забележа супериорни перформанси во сите четири испитувани параметри.

Во однос на безбедноста на возачот односно на возрасните овој автомобил доби 91%, еден процент повеќе од безбедноста на децата. Во поглед на безбедноста на околината односно пешаците и безбедносната асистенција овој автомобил доби идентични 78%.

Краш тестот на овој автомобил можете да го погледнете во продолжение.