Она што го најавуваше подолго време, Volkswagen Групацијата конечно и го официјализираше – претставено новото лого на Volkswagen.

Новото лого официјално ќе биде претставено на саемот за автомобили во Франкфурт следниот месец, а во споредба со актуелното, иако нема многу визуелни разлики сепак е поистакнато и колоритно и со 2D дизајн.

Со новото лого, Volkswagen го започнува новиот период во дејствувањето на компанијата каде акцент ќе биде ставен на електрификацијата односно електричните автомобили.

Истовремено, со новото лого, од Volkswagen се убедени дека делумно ќе ја “поправат” штетата од скандалот Дизелгејт, а имплементацијата на новото лого ќе биде спроведена во неколку фази во следните месеци.