Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР и изминатата ноќ спроведе засилени контроли на скопските сообраќајници.

Како што соопштуваат од МВР,  во периодот од 18:30 часот на 24.08.2019 (сабота) до 01:30 часот на 25.08.2019 (недела) Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје санкционирани се 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.

Исто така, откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.