Првата генерација на BMW серија 1 која се произведуваше помеѓу 2004 и 2011 година е најпопуларната серија на пазарот на половни автомобили, како во Македонија така и во Германија од каде најчесто се увезуваат половните автомобили во нашата земја.

Неофицијално, во Македонија на пазарот на половни автомобили во моментов се продаваат над 100 автомобили од овој бренд. Цената е различна и секако зависи од повеќе параметри: година на производство, мотор, помината километража, ниво на опременост, каросериска состојба …

Во Македонија цената на овој автомобил започнува од 4 илјади евра за автомобили со година на производство 2005-2006 година и над 200 илјади поминати километри. Од друга страна, во Германија цените започнуваат од 5 илјади евра, меѓутоа за автомобили произведени во 2008, 2009 и 2010 година со поминати од 120 до 200 илјади километри.

На пазарот на половни автомобили во Германија многу е тешко да се најде BMW серија 1 од 2005 и 2006 година. Цените на овие автомобили почнуваат од 2 илјади евра, но со одредени мани.

Во Италија, половните автомобили од овој модел започнуваат од 2.500 евра и тоа за година на производство 2005, 2006 и 2007 година, но со поминати над 250 илјади километри.

До 5 илјади евра во Италија можете буквално да бирате какво BMW “единица” сакате, но сите се со голема помината километража, а има и многу такви што имаат историја на големи поправки и судари.

Цените во Македонија најчесто се движат од 5 до 8 илјади евра. Доколку со истите пари сакате да купите автомобил од Германија на пример, ќе добиете автомобил со далеку помала километража, и колку-толку поверодостојна историја. Друга предност е тоа што може да се направи и поврат на ДДВ па на крајот и да “заштедите” некое евро. Слична е состојбата и во Италија.

 МакедонијаГерманијаИталија
118d 2006околу 5.500 евраоколу 4.000 евраоколу 4.000 евра
120d 2008околу 8.000 евраоколу 5.500 евраоколу 5.500 евра

 

ЗАКЛУЧОК: Цените во Македонија, при приближни критериуми очекувано, се далеку поголеми отколку во Германија и Италија.

[ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: ОВА СЕ СИТЕ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА ВОЗИЛА]