На денешната седница на советот на Град Скопје, советниците расправаат за финансиските извештаи од работењето на Јавните претпријатија на Градот Скопје за првите шест месеци од годината.

Пред советниците ќе биде претставен и финансискиот извештај на Јавното претпријатие Градски паркинг.

При тоа, во извештајот стои дека ова претпријатие од јануари до крајот на јуни има остварено приходи во износ од 113.840.141,00 денари што конвертирано во евра изнесува 1.851.059 евра.

Споредбено со истиот период минатата година, приходите бележат зголемување за 10 милиони денари.

Сумирано, добивката односно профитот за првите шест месеци на ова претпријатие изнесува 21.810.485 денари односно 354.651 евра, што е зголемување на добивката за околу 9% во однос на истиот период лани.

Најголем дел од приходите доаѓаат од плаќањето на паркинг и казните по основ на непрописно паркирање и неплатен паркинг.