За прв пат од формирањето во 1979 година релито Дакар ќе се вози во Азија. Од претходно е познато дека домаќин на ова рели ќе биде Саудиска Арабија.

Релито започнува на 2. јануари од вториот најголем град во Саудиска Арабија, Џеда. Потоа 12-те етапи се возат низ пустинскиот дел на оваа земја, а натпреварувачите пред финишот ќе поминат и во главниот град Ријад каде е предвиден и ден за одмор.

Последната етапа се вози на 17. јануари кога во Ал Кидија ќе бидат прогласени победниците.